Францускиот предлог не е прифатлив за сите земји членки на ЕУ

Франција го искажала својот став за реформата на преговарачкиот процес на денешниот министерски состанок во Брисел, но не сите земји членки на ЕУ се задоволни со француските предлози, порача денеска финската министерска за европски прашања, Тити Тупураинен.

Францускиот предлог, меѓутоа, не беше предмет на денешната дебата на Советот на општи работи на ЕУ, на дневен ред беше само размена на ставови на темата.

Од друга страна, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Австрија и Италија, од Европската Комисија инсистираат на конкретна перспектива за членство во ЕУ за земјите од регионот и се согласуваат за реформа на процес доколку Македонија и Албанија добијат преговори во март 2020-та.

-Ги поздравуваме предлозите на сите земји членки, денеска не разговаравме за францускиот предлог, имавме округла маса за состојбата во која се наоѓаме, го слушнавме францускиот предлог, некои го поздравија, некои изразија загриженост, сега чекаме новата Европска Комисија да го започне својот мандат што е можно побрзо и да предложи идеи за напредок во методологијата, изјави на прес конференцијата финската министерка и претседавач со денешниот состанок.

За финското претседателство е важно денеска да се испрати сигнал до регионот дека ЕУ останува „целосно посветена“ на проширувањето и на европската перспектива на западниот Балкан.

-Повторивме дека е потребно реформите во земјите од Западен Балкан да продолжат и да се подготват следните чекори за напролет, рече Тупураинен.

Советот на ЕУ мора да чека новата Европска Комисија да стапи во сила, најрано на први декември годинава, за да и наложи да изготви нови предлози за реформа на методологијата. Тупураинен не можеше да каже дали новата методологија ќе се однесува на земјите кои веќе преговараат со ЕУ, односно Србија и Црна Гора. За тоа мора да се чека ставот на Европската Комисија која како чувар на повелбите е овластена да го интерпретира правото на ЕУ.

-Не е вистина дека ништо не правиме, да не правевме ништо, немаше да ја имаме темата на дневен ред денеска, овој период е специјален затоа што има институционална транзиција, одговори финската министерка на новинарско прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега