Фуере: Не може да се очекува датум пред јуни

Поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, Ерван Фуере смета дека Македонија не може да очекува датум од Европската Унија пред јуни.

Во интервју за Телевизија 24 и на прашањето кои треба да бидат очекувањата на Македонија од од следниот Европски совет на 26 и 27 март, Фуере вели дека „тајмингот е проблем’.

„Вториот дел од локалните икзбори во Франција е во втората половина на март, односно неколку дена пред Европскиот совет. Според мене тоа е пребрзо.

Сметам дека најдобра шанса е за одлука од Европскиот совет ќе биде во јуни по самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6-ти април во Загреб“, рече Фуере.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега