Г7 ја повикува Кина да го реши проблемот по мирен пат со Тајван

 

Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) денеска ја повикаа Кина да го реши проблемот со Тајван по мирен пат.

„ Нема оправдување за користење на посетата како изговор за агресивни воени активности во Тајванскиот теснец. Нормална и рутинска активност е кога законодавците на нашите земји патуваат во странство – велат министрите за надворешни работи на Г7 во денешното соопштение објавено во Германија, оценувајќи дека ескалацијата предизвикана од Кина се заканува да ги зголеми тензиите и да го дестабилизира регионот.

Апелот беше упатен откако Кина изрази незадоволство поради посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван и организираните воени маневри во водите околу Тајван, пренесува „Ројтерс“.

03.08.2022 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа