Галф (Gulf) со нова бензинска станица во Тетово

Галф Македонија продолжува со инвестициите на македонскиот пазар и зголемување на своите продажни капацитети. Покрај трите бензински станици во Скопје, автопат Тетово Гостивар и Струга, Галф од денес е достапен и во центарот на Тетово, во близина на Шарената Џамија.

Бензинската станица во центарот на Тетово се одликува со современ изглед и собеспрекорна функционалност и достапност, а во палетата на производи се наоѓаат и американските G-Force безоловно и X-tream дизел горивата. 

Зголемувањето на достапноста на продажните места на Галф Македонија ќе биде една од главните цели на компанијата во следниот период. Планирано е проширување во сите поголеми градови низ земјата, со цел нудење на македонските потрошувачи врвни нафтени деривати создадени по највисоките светски стандарди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега