Гаши доби нов четиригодишен мандат на чело на Алтернатива

Во демократска атмосфера, транспарентно и со огромно мнозинство делегатите на Првиот конгрес на Алтернатива денеска во вториот работен дел му доверија нов четиригодишен мандат на досегашниот претседател на партијата, Африм Гаши.

За изборот на Гаши за нов претседател на Алтернатива гласаа високо мнозинство од присутните делегати на Конгресот. Претседателот Гаши по гласањето се заблагодари за честа и довербата која што му ја дадоа делегатите на Конгресот и членството на партијата.

„На демократски начин Конгресот одлучи да ми довери нов четиригодишен мандат. Тоа е огромна чест и одговорност истовремено, им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено сакам да биде ова успешен мандат не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Мислам дека денеска Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти во државата, со намера да допринесе во севкупните политички процеси во државата, како еден од најконструктивните, најотворените субјекти во државата кои мислат државотворно и сакаат да допринесат за добробитот на сите во државата“, изјави претседателот Гаши по завршувањето на Првиот Конгрес на партијата.

Конгресот денеска донесе и уште два важни документи за следните четири години – Статутот, како и новата програма на партијата за периодот 2022 – 2026. Делегатите со мнозинство гласови ги избраа и новите членови на Централниот одбор.Првиот конгрес на Алтернатива се одржа во големата сала на Филхармонија. На работниот дел му претходеше свечен дел во присуство на бројни гости од Владата, политичките партии, дипломатскиот кор и пријатели на партијата.

АЛТЕРНАТИВА

15.05.2022 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа