Гаши: Долго време ВМРО на Груевски се однесуваше лошо со Албанците, цената ја плаќа и ова актуелно ВМРО

„Ќе треба да видиме, но да бидеме искрени, кај албанскиот де, бидејќи долго време ВМРО на Груевски се однесуваше многу лошо со Албанците и тоа остави тешки последици и таа цена ја плаќа и ова актуелно ВМРО. Значи, не можеме да кажеме дека е сè нормално во перцепцијата на Албанците кон ВМРО. Ние како албанска коалиција мислам дека сме направиле многу добра работа за општата политичка сцена, се трудиме да ја нормализираме сцената, да не ги нарекуваме македонските политички партии, едната антиалбанска, а другата повеќе проалбанска, итн. Мислам дека тоа не ни оди во прилог, ни како Албанци, ниту како граѓани да се служиме со таков речник. Но, очигледно е дека за Албанците сè уште е тешко да го голтнат ВМРО на Груевски“, изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во вечерашното гостување во емисијата 360 степени на ТВАлсат.

12.11.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега