Гејтс: Лекот и вакцините за ковид-19 не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат најмногу

Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не на „оние кои ќе платат повеќе”.

При тоа тој истакна дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

– Ако едноставно дозволиме лековите и вакцината да одат кај оние кои ќе платат најмногу, наместо кај луѓето и на местата каде што се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и посмртоносна пандемија, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката емитувана за време на виртуелната конференција за коронавирусот што ја организираше Меѓународното здружение за борба против Сида.

Лидерите, потенцираше тој,  треба да ги донесат овие тешки одлуки за дистрибуција врз основа на еднаквост, а не само на фактори кои ги утврдува пазарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега