Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски оствари работна средба со Амбасадорот на Јапонија Н. Е. Казуја Оцука и претставници од Јапонската Корпорација Itochu

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р. Васко Ковачевски и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски остварија средба со Амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Н. Е. Казуја Оцука и претставници од Јапонската Корпорација ITOCHU.

На работната средба беа претставени енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите 3 години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука и претставниците од Јапонската Корпорација ITOCHU се наклонети кон пружање поддршка во секторот енергетика, особено обновливите извори на енергија и искажаа особен интерес за преминувањето на нашата земја кон обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

Генералниот директор Ковачевски порача дека кризата е зад нас и сега е вистинско време да се посветиме на нови проекти, развој  и енергетска трансформација. Од големо значење е поддршката од нивна страна како и од другите пријателски земји кои веќе го имаат поминато патот на замена на енергетските капацитети и нивно преориентирање кон почисти извори и заштита на животната средина.

29.03.2023 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега