Георгиевска: Буџетот за 2021 година обезбедува одржливост и ефикасност во справувањето со пандемијата

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев го усвои Буџетот за 2021 година и истиот е доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Предлог Буџетот за 2021 година е континуитет на одговорните, домаќински политики на СДСМ во управувањето со јавните финансии“, рече Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Со него се обезбедува одржливост но и прецизни проекции со цел ефикасно справување со пандемијата на коронавирусот.

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот Ребаланс 2020 година.

Расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, понатаму кон забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкуретноста, како и забрзување на растот по завршување на фазата на ревитализација.

Согласно приоритетите Владата предводена од СДСМ се фокусира на реализација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестици за подобрување на условите во здравството, образованието, социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина.

Спас на работните места, вложување во здравството, реализација на капиталните инвестиции е она од што се водиме во овој Предлог-Буџет за 2021 година.

Низ отворена, конструктивна дебата во Собранието очекуваме Буџетот за 2021 година да биде донесен за последиците од коронакризаната брзо да се надминат.

Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, во нашата домашна економија“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега