Георгиевски: Ако има конструктивност, добро е да има лидерска, жал ми е што во ВМРО-ДПМНЕ има негативен став

Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер во „Клик Плус“ на ТВ21 го кажа својот став околу барањата на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба по прашањето за спорот со Бугарија. Тој смета дека е добро да има лидерска, ако има конструктивност, но тој не гледа дека има.

„Ако има конструктивност, лидерска средба е добродојдена. Но ако прават лидерска средба за да докажат кој е попаметен, а кој патриот, тогаш нема потреба“, вели Георгиевски кој додава дека е жално што опозицијата има негативна енргија по тоа прашање.

„Мене ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ и по тоа прашање има негативна енергија и по тоа прашање. Во мое време имаше критики дека таа партија е бугарофилска, но факт е дека денеска ова ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со таква реторика ќе добиваат поени, и не знам дали ќе им се исплати на крајот“, рече Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега