Георгиевски и Бучковски: Бугарија треба да ја искористи подадената рака на Заев

Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, поранешните премиери на Македонија, во емисија на ТВ21 зборуваа за спорот меѓу нашата земја и Бугарија.

Георгиевски смета дека Бугарија засега не ја користи подадената рака на Заев. Тој рече дека позициите на Бугарија се тврди, но дека по доаѓањето на Заев на власт, влезено е радикално со пријателство со источниот сосед.

„Во Бугарија како некоја општа позиција, и таму има негативно чувство дека Македонија прави малку за тоа добрососедство. Се соочив со една тврда позиција со нивните претставници, навистина кога ќе се гледа во контекст на 30 години или на 70 години, навистина една малку непријателски тон од Македонија не може да не се констатира.

Но она што сакав да го ставам маса, сепак, во последните две години, по доаѓањето на Заев, тој влезе радикално во пријателство со Бугарија, и дека тие не смеат да го испуштат тој момент. И сега тоа е парадокс, кога има влада која пружа рака, тие одбиваат“, вели Георгиевски.

На ист став е и Владо Бучковски кои што истакна дека не е невозможно да се дојде до договор до декември, а како најсилен адут го смета пријателството на Заев и на Борисов.

„Не навредува дека кога ни го негираат јазкот идентитетот… И, за жал, го искористија ветото. Меѓутоа тие, сепак, потврдуваат дека вратата е подотворена. Иако е тешка позицијата, тешко ќе се дојде до решение, тоа не е невозможно, пред се поради блискоста на Заев и на Борисов. Едноставно веќе не е табу тема дека имаме заедничка историја со Бугарија“, истакна Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега