Георгиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Илиден: Познати се имињата на советниците

Александар Георгиевски го прими уверението за нов градоначалник на општина Илинден. Тој во првиот круг од локалните избори успеа да обезбеди победа.

Уверението за избран градоначалник на општина Илинден на градоначалникот Александар Георгиевски, му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски на пригодна свеченост што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, со што и официјално тој ја презема функцијата градоначалник на општина Илинден.

Уверенијата за избрани советници на Советот на општина Илинден ги примија и новите 15 советници:

 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:

  1. Верче Мицевска
  2. Павле Павлески
  3. Миле Стојановски
  4. Борче Најдовски
  5. Благоја Митровски
  6. Светлана Слезенковска
  7. Дарко Мицевски
  8. Горан Гочевски
  9. Драгана Бојковска

 СДСМ и коалицијата

  1. Мирјана Николовска
  2. Милош Станковски
  3. Новица Милев

Група избирачи, Трајче Илиевски

1.     Трајче Илиевски

 

2.    

Анета Здравковска

Левица

 

  1. Кирил Слезенковски
25.10.2021 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа