Георгиевски: Нашата историска комисија е прогресивна, бугарската не сака да ги прифати модерните теории за нација

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека бугарската комисија е подготвена да прифати дека Гоце Делчев е заеднички јунак. Меѓутоа смета дека комисијата во Бугарија не е модерна и не сакаат да ги прифатат модерните теории за нација и за држава.

„Мислам дека Комисијата од нивна страна не е најсреќно избрана, затоа што и таму има луѓе кои не сакаат да ги прифатат модерните теории за нација и држава. Сметам дека нашата историска комисија е многу попогресивна и помодерна по сите линии и тука може да има проблем“, рече Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега