Георгиевски за БГНЕС: Сакаме зближување со Бугарија, треба да ги признаеме заслугите на Заев

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, изјави Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС, дадено за време на неговата посета на официјална Софија каде, како претставник од помала партија од коалицијата со СДСМ, замина во улога на олеснување на преговорите меѓу Бугарија и Софија. 

– „Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност,во суштина, тие не се сите Македонци, потенцира Георгиевски.

Тој оценува дека југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата и нанел тежок удар.

– Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија, Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување, порача Георгиевски.

Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија, рече тој.

Љубчо Георгиевски посочи дека често пати е критикуван во Македонија дека застапува бугарски ставови, и нагласи дека со ова интервју ќе се обиде да биде адвокат на Македонија. Ако до пред четири пет години за добивање на бугарски пасош лицата се критикувале и „биле распнувани на крст“, сега тоа е нормална работа, рече Георгиевски, како што е нормално да се засвират и бугарски песни во кафеани, а не само српски.

– Македонското општество е сè уште под два јарема, едниот е комунистичкиот, а другиот е антиката на Никола Груевски, со која нè уби. Тогаш луѓето одеднаш почувствуваа дека имаат 4.000 години историја. Интересно, имаше многу фалсификати и во оваа и во комунистичката историја, но имаше и факти. Комунистичката идеологија тврдеше дека македонската нација е последната нација на Балканот, а со антиката одеднаш од најмлада, станавме најстар народ не само на Балканот, туку и во Европа и пошироко – анализира Георгиевски .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега