Георгиевски: Заев не кажа ништо погрешно во интервјуто

Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, во гостување на ТВ 24 потенцираше дека сите работи што ги зборувал Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се во согласност со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни.

„Според мене Заев во тоа интервју не кажа ништо грешно, освен за можеби за ставот околи Втората светска војна. Меѓутоа, сите дијагнози и описи на работите според моето сфаќање на македонската историја и односите со Бугарија му беа 100 процентно точни. Тие произлегуваат не само од бугарските ставови, туку и од книгите кои ги подоголо време и ги верификуваат македонски историчари и излегуваат од македонскиот архив. Ако ги погледнеме сите тие книги се гледа таа општа историја со Бугарија. Сите тие што го напаѓаат Заев можеби ќе бидат принципелни, ако барем во последните 30 години кажале нешто позитивно за Бугарија. Меѓутоа ако ги погледнете сите тие што го напаѓаат Заев, во минатите 30 години напаѓале и плукале. Јас ќе ве потсетам, кога зборував дека треба да го менуваме односот со Бугарија, Кога зборував дека треба да ја ревидираме нашата историја  во поглед на таа македонско-бугарска блискост која постоела и е јасна во историјата - ги добивав сите можни етикети. Јас когоа бев премиер направив една декларација да бидеме пријатели, а за жал станавме непријатели. Факт е дека Бугарија ако не се спротивставеше на Европската Унија, ако не се спротивставеше на Нато земјите, ние немаше да добиеме држава. Од Бугарија Македонија има видено големо помош. Кога ќе зборувате со дипломати кои биле во Брисел, најголема поддршка добивале од бугарски дипломати.“ - вели Георгиевски за Студио 10.

Според него, Заев решава два три крупни проблеми од државен аспект, за разликата од претходната Влада и му дава поддршка да ги реши, но во она интервју не кажа ништо погрешно.

„Ако Бугарија стави вето, главната агенда на Заев ќе биде девалвирана. Човекот решава два три крупни проблеми од државен аспект и му давам поддршка да ги реши. Ако погледнеме од онаа објективна вистина, Заев во она интервју не кажа ништо погрешно.

Според мене Заев има многу слабости, Економија, борбата со К-овид меѓутоа на геостратешки планови на Македонија покажува голема храброст за разлика од други политилчари кои овие прашања ги ставаа под чергиче. Пример за тоа е претходната Влада.

„Јас сум спремен со било кој историчар да аргументирам. Ние сме тешко индоктринирано општество во однос на Бугарија. Очигледно треба да смениме нешто во нашата свест.“ - вели Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега