Герасимовски: Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат
Градоначалникот на Општина Центар, веднаш по добивањето на информацијата за пожарот кај поранешната фабрика Треска, излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на истиот.
Со 10 возила, противпожарната бригада го гаснеше пожарот, а општинскиот кризен штаб, заедно со градоначалникот Герасимовски и со екипите на Црвениот крст им даваа поддршка на пожарникарите.
„Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните. Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Жителите и вработените во околните продавници беа навремено евакуирани, а Герасимовски упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа