Герасимовски: „Работнички“ добива нова спортска сала отворена за сите граѓани и спортски клубови

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата, одигра Баскет на игралиштето на бул. Св. Климент Охридски во општина Центар со Венко Филипче потпретседател на СДСМ, поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, носителката и членка на листа на советот Андријана Будимир и Едина Муса под тренерска палка на Јани Макрадули и младите на ЛК СДММ Центар.

„Во Центар во следниот период ќе биде изградена нова спортска сала на местото на стариот и запуштен објект „Работнички“, веднаш по решавање на имотно правниот статус и завршување на судскиот спор за земјиштето кое ВМРО ДПМНЕ го продаде во 2012 година. Оваа сала во иднина треба да прерасне во општински спортски центар, отворен за сите граѓани и спортски клубови, дом на спортот во Центар“-информира кандидатот за градоначалник Герасимовски.

„Дополнително во општина Центар ќе следи континуирано опремување на училишните спортски сали со соодветни реквизити, континуирано опремување и одржување на отворените детски и спортски игралишта како и промоција на „уличен спорт“ како модел на рекреација за деца и млади. Исто така, ќе биде изградено и инклузивно игралиште уредено со реквизити за рекреација на најмладите, а истите ќе бидат прилагодени и за децата со попреченост“-истакна Герасимовски.

 

 

03.10.2021 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега