Германец пет години мртвата мајка ја чувал во куќата за да ја зема нејзината пензија

Германија е во шок откако полицијата на 15 јуни во куќа пронајде труп на жена која е мртва веќе пет години.

Телото на Јозефа Л. е откриено во германскиот град Брухзал. Жената починала во 89. година од животот и тоа пред пет години, објави Билд.

Сето тоа време, нејзиното распаднато тело лежело во креветот од куќата во која живеела со синот Клаус Л. (65).

Тој од официјалните лица ја скрил смртта на својата мајка за да може да ја прима нејзината пензија.

Како што пренесува Билд, жената не е видена 8 години, а додека била жива работела како бејбиситерка и чистачка во месара.

Кога во заедницата е забележано нејзиното отсуство, нејзиниот син Клаус рекол дека неговата мајка е врзана за кревет и тој се грижи за неа.

Меѓутоа, соседите се посомневале и ја известиле полицијата.

– Излегуваше од дома кратко само наутро на велосипед. Никогаш не купуваше пелени, производи за нега или храна за двајца. Дури и кога некој ќе сакаше да ја посети, Клаус велеше дека жената не сака никого да види, изјави за Билд еден пријател.

Полицијата со судски налог влегла во куќата и таму го затекнала трупот на жената. Клаус рекол дека жената починала од природна смрт во август 2015 година, а обдукцијата го потврдила тоа.

Тие се сомневаат дека Клаус ја земал нејзината пензија и живеел од неа, зошто немал никакви други дополнителни приходи.

Полицијата ја истражува измамата, а Клаус моментално не е во притвор и продолжи да живее во куќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа