Германија дава 50 милијарди евра за да спречи пропаѓање на малите работодавачи

Во Германија почнува исплата на помош за малите работодавци и трговци поединци чии бизниси пропаднаа во екот на пандемијата на Ковид-19.

– Германската бирократија, особено темелна и трома кога станува збор за пари, сега е погребана преку ноќ, пренесува Дојче Веле, додавајќи дека министрите за финансии и економија, Олаф Шолц и Питер Алтмаер, најавија дека се мора да оди „брзо“ и „небирократски“.

Педесет милијарди евра од државниот буџет веќе се насочуваат кон самостојните претприемачи и мали работодавци за надминување на несаканите ефекти од пандемијата на коронавирусот.

Од денеска, буквално сите германски провинции примаат барања, а на државните пари тие претежно додале и свои средства, за да ја подобрат понудата, јави Дојче Веле.

Основата е еднократна исплата до 9.000 евра за следните три месеци, доколку компанијата има до пет вработени, или до 15.000 евра со најмногу 10 вработени. Оние што ги земаат овие пари нема да мораат да ги вратат назад.

Идејата е да им се помогне на оние што најпрво би можеле да го почувствуваат колапсот на економијата – мали ресторани, кафулиња, таксисти, земјоделци, слободни уметници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега