Германија: Поранешен пациент до смрт избодел доктор на клиника

Доктор (64) е убиен во клиниката во Васербург ам Ин, во баварскиот округ Розенхајм, а за убиството е осомничен маж (40) кој бил негов поранешен пациент.

Полицијата го уапсила осомничениот по инцидентот што се случил вчера вечер.

Според информациите до кои дојде германски Билд, лекарот бил избоден до смрт од поранешен пациент.

Медицинскиот персонал се обидел да му пружи прва помош на лекарот, но тој починал од повредите.

Полициската патрола по немилиот настан случајно поминала во близина на клиниката и го забележала осомничениот со траги од крв.

Полицајците веднаш пристапиле кон апсење на осомничениот.

Според полицијата, осомничениот маж од северна Германија бил уапсен без отпор. Тој бил примен на клиника во областа Минхен и, според полицијата, сега е под постојан надзор.

Кујнскиот нож, за кој што се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен докторот, полицијата го пронашла и одзела.

Ангажирани се екипи за интервенција во кризи кои ќе ги згрижуваат роднините и колегите на докторот.

09.04.2024 - 22:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега