Германски напиток кој ги прочистува крвните садови и го штити срцето

Овој еликсир ги прочистува артериите, ги регулира мастите во крвта, помага при настинки и инфекции, го зајакнува имунитетот и го прочистува црниот дроб. Комбинацијата на три природни состојки може значително да го подобри вашето здравје. За да го направите потребни ви се лук, ѓумбир, лимони и вода. 

Состојки:

4 чешниња лук

4 лимони

3 до 4 см свеж ѓумбир

8 чаши вода.

Подготовка:

Измијте ги лимоните (со кората), а потоа исечете ги на коцки.

Лукот исчистете го.

Во блендер ставете ги лимонот, лукот и ѓумбирот. Мешајте ги додека се добие хомогена смеса.

Во тенџере на оган ставете ја смесата од блендерот и додајте ја водата. Повремено мешајте додека течноста зоврие. Штом течноста ќе зоврие, тенџерето тргнете го од огнот.

Тенџерето покријте го капак и оставете ги за време од неколку часови, а најдобро е преку ноќ за да се излади.

Течноста процедете ја. Напитокот ставете го во стаклено шише или тегла. Шишето чувајте го во фрижидер. Се препорачува да пиете 1 чаша (180 мл) на ден, најмалку 2 часа пред оброк. Напитокот за прочистување на крвните садови пијте го во рок од 21 ден. Потоа направете пауза за време од една недела и проверете ја крвта. По потреба може да ја повторите процедурата.

Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна ве кани на настанот „Здрави навики за здрав срцев ритам“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега