Германски виролог: „Имаме втор бран на коронавирус, за 2 месеци ќе бидеме во проблем“

Главниот германски виролог, Кристијан Дростен, предупредил дека за два месеци во Германија ќе постојат нови проблеми со коронавирусот, доколку сега не се ”вклучат сите сензори на алармот”.

 

„Не сум сигурен дека по еден месец ќе имаме ваква мирна епидемиолошка ситуација“ вели тој.

Дростен стравува дека поради појавата на жариштето во Северна Рајна-Вестфалија, дека ќе дојде до неконтролирано ширење на вирусот.

Спречувањето на ширењето на вирусот надвор од таа покраина, како што вели Дростен, сега е одлучувачки момент.

Тој исто така укажал дека постојат повеќе места, меѓу кои и Берлин, во кои што постојат јасни назнаки дека коронавирусот се враќа.

Тој истакнал дека веќе од денес властите треба да бидат многу внимателни за да не дојде до втор бран на коронавирусот.

„Не сум оптимист дека по еден месец ќе имаме вака мирна епидемиолошка ситуација“ – изјавил Дростен.

Жителите, како што вели тој, мора да ја дадат потребната поддршка која што им е потребна на здравствените власти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега