Ги честел музичарите 10.000 евра и нарачувал песни за Марина и синот - Дарко Лазиќ славел за наследникот

Дарко Лазиќ во понеделникот рано утрината стана татко на момчето Алексеј, па поради доаѓањето на новиот член на семејството, како што доликува, цел ден славел.

Популарниот пејач во родната куќа во Брестач го собрал семејството, пријателите и колегите со кои се забавувал до зори. 

Дарко не го спуштал микрофонот од раце, но за секоја песна на колегите им давал од 50 до 200 евра и се чини дека музичарите ги накитил со 10.000 евра. Пеел песни од Шабан Шаулиќ, Синан Сакиќ, Љуба Аличиќ, Ивана Куколја, Тозовац, Мирослав Илиќ. И покрај тоа што пеел, тој за секоја песна ги честел пејачите и свирачите, пишува Курир.рс

Меѓу првите дошле неговата кума Андреана Чекиќ, Љуба Аличиќ, Среќко Кречар. Сите пееле и се веселеле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега