Ги разбудил вресок од нивниот син, а кога влегле во собата го затекнале детето како се бори со огромен питон

Родители во еден австралиски град, ги разбуил вресок од нивниот 14- годишен син.

Дотрчале во собата и виделе како змија, долга 3 ипол метри, се замотала околу раката на момчето, а забите ги зарила во дланката, објавила телевизијата АБЦ.

„Сакал да му ја изеде раката“ рекла мајката на момчето.

Питоните не се отровни, но своите жртви ги гуши, а може да порансат и до 8 ипол метри.

„Се боревме со него, но колку повеќе се трудевме, толку повеќе ги зариваше забите во неговата дланка“ раскажала мајката на момчето.

Таа на крајот земала пластична вилушка и ја ставила во устатат на змијата, додека таткото на момчето и ја повлекол главата и ја ослободил дланката на детето.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега