Ѓеоргиевски: 4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација - нудам решенија за рамномерен развој

Нудам решенија за секој еден од вас. Не сакам да одвојам ниту минута за СДСМ затоа што тие се завршена работа. Граѓаните не се задоволни од нив, а ревизијата за нивното работење ќе си ја прават независни институции, кажа Орце Ѓеоргиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода организирана во истата општина.

4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, дотрајани и ископани улица, канализациони и водоводни системи без капацитет, уништени паркови, напуштени и девастирани објекти и игралишта, кажа Ѓеоргиевски.

Тој посочи дека власта и Филип Темелковски не направија ништо во изминативе 4 години.

Време е за решенија за проблемите. Јас ја барам поддршката од сите наши сограѓани. Не е време ниту за лево, ниту за десно. Време е да тргнеме напред. За да има нормални услови за живот за сите, за да прекине рушветот и митото, да има рамномерен развој, повеќе паркови, детски игралишта и инклузивност на ранливите категории, рече Ѓеоргиевски.

Тој се обврза да биде меѓу граѓаните, на терен.

Гласот за малите партии кои ќе имаат свои кандидати во Кисела Вода е глас за Филип Темелковски и СДСМ. Затоа ја барам вашата поддршка без разлика на која партија и да припаѓате кажа Ѓеоргиевски со што и го заврши својот говор пред присутните.

25.08.2021 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега