Ѓорчев: Заев и Филипче се одговорни за 3.000 изгубени човечки животи од Ковид 19 пандемијата

Во моментот во изминатите недели и месеци во Македонија буквално се случува хуманитарна катастрофа.  Се случува најголемото умирање во историјата на независна Македонија. За жал со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија ја надмина бројката официјално од 3.000 мртви. Тоа е ужасна бројка, тоа е катастрофална бројка и тоа не се само бројки, туку се човечки судбини, тоа се живи души кои што го напуштиле овој свет, кој што заминале од нашите домови и улици, 3.000 кои што веќе ги нема,  обвинува Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија е најлоша на Балканот, најлоша во Европа, и најлоша на Светот кога станува збор за починати од КОВИД 19 пандемијата. Ова е фијаско на државните институции, ова е катастрофа и дебакл. Одговорни се Зоран Заев, Венко Филипче и целата влада. Ако ги погледнеме бројките се доаѓа до едноставен заклучок каде што Македонија со 3.000 починати во КОВИД пандемијата е најлоша на Светот, затоа што кога се пресметува бројката на починати треба да се пресметува врз основа на реално резидентно население кое што живее во Македонија. Значи пресметката не треба да се прави врз основа на 2,1 милиони жители кои што ги имаме на хартија, а во реалноста ги немаме, туку треба да се прави на 1,7 милиони жители. Ако бројот на починатите го пресметуваме врз основа на 1,7 милиони жители колку што реално имаме во Македонија, тогаш Македонија според смртноста од КОВИД е најлоша и на Балканот, и во Европа и во Светот, вели тој.

Порачува дека тоа е поразувачки факт, тоа е ужас, тоа е катастрофа која што ни се случува.

-За крај уште една поента, не е нормална ситуацијата во која што имаме 10 луѓе дневно кои што умираат од КОВИД а тоа не е вест, тоа се луѓе со свои судбини, со свои семејства и со свои животи. Не е нормално во Македонија да имаме десетина мртви и да имаме 3.000 починати од КОВИД. Тоа е хуманитарна катастрофа, тоа е човечка катастрофа, тоа е трагедија која што ни се случува пред очи. Но истовремено тоа има и одговорност. Одговорноста се вика Зоран Заев и Венко Филипче, истакна Ѓорчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега