Ѓоргиев: Бугарија била окупатор, не може поинаку да се толкува историјата

Бугарската окупација врз Македонија е запишана во светската историографија и не може да биде предмет на негација. Ова е ставот на претседателот на македонскиот тим историчари искажан за Сител по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНес.

Професорот Ѓоргиев не чувствува потреба да ги коментира ставовите на политичарите и како што вели, преферира во работата да се држи до научно историските факти.

-Не може да се негира дека Бугарија ја окупира таа територија. Таа навлегува овде со воена сила окупира дел од територијата на тогашното кралство Југославија. Тоа е формално-правна окупација и не може поинаку како да се дефинира. Тоа им е јасно и на бугарската историска фела. Тој чин на тогашната бугарска држава е дефиниран како окупација.

Од македонскиот тим историчари во повеќе наврати апелираа политиката да се држи настрана од утврдувањето на историските факти. Ѓоргиев вели дека политичките изјави не остануваат без ефект врз генералната атмосфера во Комисијата, и не знае дали тие ќе станат дел од работната агенда.

-Можеби, не можам да кажам како ќе регираат нашите колеги од Бугарија. Можеби ќе биде споменато тоа. Меѓутоа, дискусијата на комисијата се на академско ниво и се одвиваат на база на факти, на база на историографија, на база на теории за различни настани и процеси. Така што, политичките ставови остануваат на страна, вели Ѓорѓиев.

Претходно, од изнесените историски ставови на Заев се оградија двајца историчари од македонскиот дел од Комсијата, а погодени се најдоа и борците од Втората светска војна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега