Ѓорѓиев му одговори на колегата од бугарската страна: Академски неприфатливо е нашата работа да се подредува на политички барања и погледи

Многу покорисно е да се даде личен придонес во научната дискусија во рамки на Комисијата одошто јавно да се споделуваат еднострани политички толкувања и лични желби, изјави Драги Ѓорѓиев, копретседавач од македонска страна со мешовитата македонско-бугарска комисија за  РСЕ, како одговор на ставот на Ангел Димитров, копретседавач со Комисијата од бугарска страна, кој ги обвини македонските колеги дека прават се за да не се случи напредок.

– Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо, рече Ѓорѓиев за РСЕ.

Мешовитата македонско-бугарска комисија утре и задутре ќе има нова средба на која Ѓорѓиев очекува професионален и академски однос од членовите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега