Ѓорѓиевски: Да го вратиме достоинството на сите Македонци

Денеска се наоѓаме во општина Прилеп во рамки на нашата активност од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија каде што практично може да забележите дека наидовме на огромен интерес на прилепчани, не само на членови на ВМРО-ДПМНЕ, тука имаме и неопределени граѓани, тука има и граѓани кои во минатото подржувале други политички опции и на истата оваа активност истите директно до нас интерактивно делуваат со тоа што ги предложуваат своите идеи, подоцна ние ги разгледуваме истите и секако заеднички ќе ја креираме новата програма со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на следните предвремени парламентарни избори. Ова го вели денеска Орце Ѓеоргиевски.

         - Тоа ќе значи програма која што ќе ја спроведува подоцна и новата владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што можете да забележите народот во Република Македонија целосно застанува со поддршка околу ВМРО-ДПМНЕ народот во Република Македонија и сите граѓани во Република Македонија го препознаа својот вистински партнер затоа сме ние повеќе од сигурни дека наредната влада на Република Македонија ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и наш нареден премиер ќе биде секако почитуваниот господин Христијан Мицкоски. За жал во Република Македонија изминативе три години владее беда и хаос владее едно коруптивно здружение кое што сведоци сме на дневна основа имаат минимум по еден коруптивен скандал сведоци сме како се изнесуваат торби со пари се врши рекет се врши уцена измама и тоа од највисоко ниво до најниско. Прилеп како една од општините во која што во минатото имаше проекти во минатото имаше инвестиции сега можеме да забележиме дека буквално изминатиов период нема никаква работа односно активност. Сега можеме да забележиме дека буквално изминатиов период нема никаква работа или активност во овој град, во оваа општина, вели тој.

          Прилеп како водич во овој регион во минатото, за жал во денешно време се претвори во една руинирана општина, општина за која што знаеме и самите и од исказите на граѓаните и од сведочењата на многумина овде, единствено властите овде по примерот на централната власт се занимаваат со корупција и со криминал.

      -    Ние сме спремни да подадеме рака и на останатиот дел од граѓаните, ги повикуваме сите да ни се приклучат во креирањето на нашата програма, спремни сме како никогаш до сега Република Македонија ја да извадиме на прав пат заедно со нашиот најголем партнер народот позади нас и реално да го вратиме и угледот на земјата, но и достоинството на сите Македонци од една страна, но од друга страна да понудиме сериозни реформи и да понудиме сериозен напредок за нашата држава, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега