Ѓорѓиевски: Македонија со Заев и Спасовски ќе биде фавела во која ќе владеат криминалот и рекетот

Влада во која Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи може да ни гарантира нови скандали и владеење на криминалот во Република Македонија, истакна на прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Оливер Спасовски ќе остане запомнат како министер кој наместо да се бори, за целиот свој мандат го штител криминалот во земјата.

„Нерасчистени убиства, мафијашки пресметки по улиците, секојдневни грабежи и пораст на криминалот како и несигурноста кај нашите сограѓани. Македонија стана најкорумпирана држава во која градоначалници од власта се претворија во локални шерифи кои под закрила на институциите шверцуваа цигари или тепаа пак граѓани во своите кабинети. Дополнително Спасовски беше закрилник на лица кои рекетираа и ги носеа фамозните милиони евра во ‘Луј Витон’ куфери кои никој не откри каде официјално завршија“, нагласи Ѓорѓиевски.

„Го именува сопствениот братучед за началник на граничната полиција, а исто така во случајот со набавка на автомобили без тендер од кумановската фирма донатор на СДСМ со пари од чешка донација. Тука исто така беше проследена и скандалозната набавка на пасоши вредна 20 милиони евра, како и скандалот со прислушкувањето во јавното обвинителство кое што никогаш не беше расчистен“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ за Спасовски, додавајќи дека е очигледно оти на Заев му треба докажан помошник кој ќе забошотува криминали.

„Македонија со Заев и Спасовски ќе биде повторно фавела во која ќе владее криминалот и безредието“, заклучи Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега