Ѓорѓиевски: Ниту еден политичар нема мандат да го обезличува македонскиот народ, јазик или идентитет
Промена на власта е неопходна, дециден е градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
„Промена на власта е неопходна, не само од политички аспект, туку и од економски, затоа што нарушениот квалитет на животот е најбитен за граѓаните… Една работа треба да биде јасна, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ има евро-атланска ориентација уште од 90тите, кога тогашниот СДСМ тагуваше за поранешниот систем и по распаднатата Југославија“, изјави Ѓорѓиевски во интервју за „Курир“.
Тој додава дека ниту еден политичар нема мандат да го обезличува македонскиот јазик, народ или идентитет.
Гладано од денешен аспект ниту еден политичар нема мандат да го обезличува македонскиот народ, јазик или идентитет… Поаѓајки од расипништвото на власта, ВМРО-ДПМНЕ предлага заштита на идентитетот и јазикот и нуди патоказ кој би обезбедил интеграција на државата во ЕУ без притоа да биде континуирано уценувана на секое поглавје од преговорите, посочи првиот човек во ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа