Ѓорѓиевски: Власта е таа што ги штити нарко-босовите

Целосно фијаско доживеа Оливер Спасовски со акцијата „Планина“, нарко-босовите му побегнаа, ама затоа заплени дури 100 грама кокаин, ова денеска преку прес-конференција го потенцира Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме два дена молк од Спасовски после изјавата на Русковска дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата. Акција која замислете беше организирана со месеци. Спасовски, почитувани, избегнува да одговори на прашањата кој е кртот, и како од акција најавувана со фанфари на собраниската говорница, заврши со заплена на 100 грама кокакин и клучеви од луксузни возила на нарко-босовите. На социјалните мрежи и интернет портали изминативе два дена се појавија фотографии, на кој јасно може да се види дека токму Спасовски и високи функционери од власта седат на иста маса со нарко босовите кои сега им побегнаа. Заедно на иста маса насмеани министри, градоначалници и нарко-босови и криминалци, вели Ѓорѓиевски.

Тој прашува во која држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и нарко-босови?

-На овие можат да им позавидат и најпознатите нарко картели во светот. Молк и од страна на Стево Пендаровски. Јавноста е исто така сведок и на фотографија од претседателот Пендаровски заедно со еден од овие нарко-босови, како што ги нарече самата Русковска. Како претседател на Советот за безбедност, Пендаровски е должен да одговори каква конекција има и имал со овие лица? Исто така од фотографиите може и да се забележи и братот на премиерот Заев, Вице Заев во друштво со овие докажани криминалци. Од тука повторно прашуваме, кој им дојави и дозволи на овие криминалци да побегнат? Дали високи функционери од МВР и од власта стојат позади овој неуспех на акцијата? Дали заради вмешаност на високи фунционери во државата е причината за неуспехот и на оваа акција? Само едно е јасно почитувани, власта е поддржувач на овие криминалци и дилери на дрога низ Скопје и Македонија. Затоа и оваа акција им пропадна, бидејќи токму истата таа власт е таа што ги штити криминалците и нарко-босовите во нашата држава. Одговорност мора веднаш, истакнува Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега