Ѓурчевски: Најголем профит од „Јавна соба“ ќе имаат организираните криминални групи

Се доаѓа до податок дека групата „Јавна соба“ подолг период работела на социјалните мрежи. Интересна е дрскоста на администраторите кои го создале овој профил, кој ме поврзува како во криминологијата се врзуваат групите кои се наслни, дрски и коруптивни, рече пензионираниот началник Љубомир Ѓурчевски во емисијата „Отворено“.

-Од оваа група најголемиот профит ќе го имаат организираните криминални групи, кои од оваа група ќе регрутираат девојки за трговија со луѓе. Станува збор за поозбилен феномен, на кој никој не му посветил внимание подолг временски период, рече Ѓурчевски.

Тој додаде дека станува збор за кривично дело кое не беше соочено, односно изнесувањето на било какви податоци, дело кое се гони по службена должност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега