Главниот американски епидемиолог открива кога би можело да се стави епидемијата под контрола

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи смета дека пандемијата на коронавирусот би можела да биде ставена под контрола до крајот на оваа година.

Според неговите проценки, фармацевтските компании на почетокот на идната година ќе произведат десетина милиони вакцини против коронавирусот, а веќе кон крајот на 2021-ва година веројатно ќе бидат достапни милијарда дози.

Во интервјуто за британската новинска агенција „Ројтерс“, изјави дека вакцината ќе биде достапна до крајот на оваа година, што значи дека тогаш пандемијата ќе биде ставена под контрола.

Фаучи негираше дека од Белата куќа постои притисок веста за вакцината да се објави пред претседателските избори закажани за 3-ти ноември за да се зголемат шансите Доналд Трамп да биде реизбран за претседател на земјата.

Главниот американски епидемиолог потсети на ветувањето на надлежните дека нема да дозволат политиката да се вмеша во одобрувањето на вакцината против коронавирусот, затоа што приоритети ќе им бидат „безбедноста и ефикасноста“.

Според Фаучи, одредени делови на Соединетите Американски Држави добро го спречиле ширењето на вирусот, што не е случај со остатокот на земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега