Глигоров е новиот тренер на Вардар

Поранешниот фудбалер на Вардар Никола Глигоров е нов шеф на стручниот штаб на нашиот најтрофеен клуб. 38-годишниот Глигоров ја презеде функцијата од Горан Симов, со кого клубот спогодбено се раздели.

„Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност, а посебно пред нашите најверни навивачи ‘комити’, чија поддршка многу ја ценам.
Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за сè што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи”, рече Глигоров.

Никола Глигоров во кариерата одиграл преку 200 натпревари за Вардар. Во три мандати бил играч на Вардар (2004-2006, 2008-2009, 2014-2018).

Maкфакс

21.09.2021 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега