Го фатиле „жив“: Прилепчанец уапсен додека се обидувам да украде автомобил

Полицијата уапси прилепчанец додека ограбувал возило.

Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници го уапсиле И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги украл од возилото. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

24.10.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега