Го наполнил Мерцедесот со дрога - Македонската полиција го фати на дело

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26 – годишен државјанин на Република Албанија поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело  - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 19 октомври неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога-марихуана во количина од 9,97 килограми, која била спакувана во 12 пакувања и скриена во багажниот простор од патнички автомобил марка Мерцедес со албанска регистарска ознака.

При вршење контрола од страна на  службените лица од Царинската управа на  Граничниот премин Богородица  дрогата е пронајдена и одземена.

Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен од Судот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега