Го обожуваше Тито, сакаше да владее 100 години и живееше во луксуз додека земјата тонеше: Почина најдолговечниот диктатор на светот

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе почина денес на свои 95 години, објави претседателот на таа земја, Емерсон Мнангагва на својот профил на Твитер.

Мугабе почина во Сингапур каде што во изминатите години често одеше на лекување.

„Со најголема тага објавувам дека почина основачот на Зимбабве и поранешниот претседател Роберт Мугабе“, напиша претседателот Мнангагва.

Мугабе кој владееше со јужната африканска држава речиси четири децении, од стекнувањето на независноста од Велика Британија во 1980-та година, беше присилен да поднесе оставка во 2017-та година после воениот преврат. Мугабе за владеењето се преобрази во вистински африкански деспот кој владееше 37 години, грчевито држејќи се на власт дури и кога земјата тонеше во хаос.

Се прославил со герилската војна во 70-тите години од минатиот век кога како револуционерен херој се борел против малцинството на белци кое што управувало со државата. Откако Зимбабве стекна независност, неговите непријатели беа капитализмот и колонијализмот.

Сите кои што го критикуваа, за него беа предавници, а за економските проблеми на државата дури и после децении, секогаш ги обвинуваше западните земји на чело со Велика Британија. Сите останати во Зимбабве го критикуваа затоа што тој воопшто не разбирал како функционира модерната економија и на тоа дека се сконцентрирал само на распределба на националното богаство, а не на негово зголемување.

Иако не знаел баш да управува со земјата од економски аспект, тој бил херој за народот на Зимбабве затоа што се изборил за независност. Токму тие историски моменти за Зимбабве, Мугабе тврдеше дека инспирација добивал од поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито.

„Тито ми беше инспирација додека ги носев круцијалните одлуки за ослободувањето на својата земја. Често само ќе помислев - што во овој момент би направил Тито?“, изјави своевремено Мугабе.

Им ги конфискувал фармите на белците

Мугабе се „прославил“ со изјавата дека државата не може да банкротира, а таа теорија ја „тестираше“ во 2008-ма година кога Зимбабве забележа инфлација од неверојатни 231%. Кога во 2000-та година за прв пат се соочи со силна опозиција, тој практично ја уништи најразновидната африканска економија за да ја задржи политичката контрола.

Тогаш тој нареди конфискување на фармите на белците кои што биле главниот столб на економијата и ги растерал инвеститорите, но во политички смисол тој ги победил непријателите - остана на власт и ја примени тактиката на герилско војување.

Кога на референдум го доживеа првиот пораз, тој веднаш ја активираше својата армија на платеници, а истото следувало и осум години подоцна кога загубил на првиот круг од изборите. Кога и да било потребно, тој се служел со сите можни средства за да остане на власт, од насилство, па до контрола на јавната администрација и државните медиуми.

Од секретарка до прва дама

Првата дама на Зимбабве, Грејс Мугабе се омажи за 41 години постариот претседател во 1996-та година. Тоа ѝ бил вториот брак, баш како и Роберт. Работела во владината канцеларија како секретарка, а со Роберт станале љубовници додека и двајцата биле во брак. Првото дете го добиле во 1988-ма година, тогаш Роберт имал 64, а Грејс 23 години.

Сопругата на Роберт починала во 1992-ра година, а Грејс неколку години подцна се развела и омажила со диктаторот. Нивната спектакуларна венчавка во 1996-та година тамошните медиуми ја опишале како „венчавка на векот“.

Родендени како државни празници

Својот 92-ри роденден Мугабе го прославил со раскошна музика. На славјето кое што траело цели шест дена имало 50 илјади гости и биле потрошени речиси 1 милион американски долари.

„Роденденот е важен, тоа е како раѓањето на Исус кој што е роден за да не спаси. На ист начин сум роден и јас, за да не ослободам“, изјави Мугабе.

Бројни егзотични животни биле на менито кога диктаторот славел роденден, па така илјадниците гости јаделе слонови, бизони, антилопи и лавови на раскошните прослави кои најчесто биле одржувани во луксузни хотели со голф игралишта, тениски терени и базени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега