Го одбила брилијантскиот прстен кој ѝ го подарил - Саша Поповиќ и српската фолкерка биле во љубовна врска

Злата Петровиќ и Саша Поповиќ биле во љубов пред три децении, а нивната врска за малку ќе била крунисана со брак. Фолкерката на директорот му го фрлила дијамантскиот прстен, а тој настан и ден денес се прераскажува.

-Сале многу ме сакаше, патеше долго по мене кога раскинавме. Ме запроси за роденденот. Извади брилијантски прстен пред гостите, а јас се преплашив и му го фрлив во лице. Колку вредеше толку траеше. Ние останавме пријатели. Никој не ви дава гаранција колку ќе бидете во љубов. Ни беше супер, он е препаметен човек, само се најдовме во некое погрешно време. Јас има 27-28 години, а веќе зад себе имав еден брак и син. Мене тогаш ме интересираше да работам и ми беше глупаво да влегувам во една сериозна врска или брак - раскажала Залта.

Денес Злата се дружи и со сопругата на Саша Поповиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега