Го прославил роденденот, па загинал во сообраќајка - Александар од Србија го изгубил животот кога тргнал накај девојката

22-годишниот Александар Мајсторовиќ од Банатска Топола кај Кикинда загинал во тешка сообраќајна несреќа кога управувајќи со автомобилот „рено клио“ излетал од патот и испаднал од возилото.

Трагедијата се случила ноќта меѓу средата и четвртокот, нешто после полноќ, и тоа откако Александар го прославил роденденот.

-Александар со друштво го прославил 22. роденден. Кога забавата завршила, а друштвото заминало, тој седнал во автомобилот и се упатил во соседното место. Никој од домашните не видел кога заминал. Дали тргнал кај девојката или поради нешто друго седнал зад воланот, не се знае - раскажал братучед на настраданото момче.

-Возел многу брзо и после една остра кривина изгубил контрола и излетал од патот - вели братучедот.

Како што дознава Курир.рс, телото на Александар го пронашол таксист, кој случајно поминувал по тој пат.

-Испаднал од возилото, лежел малку подалеку од него. Таксистот повикал полиција. Во околу 5 часот утрината полицајците дошле на врата во семејството Мајсторовиќ и им ја соопштиле ужасната вест. На сите им било многу тешко. Пред Александар бил животот. Беше младолик за своите години, мил и омилен во друштвото. Работеше кај соседите во едно земјоделско претприемништво. Нема утеха за мајката Снежана, таткото Зоран и постариот брат Милош - раскажал Бранко, додавајчи дека погребот ќе се одржи денеска. 

Како што објави Курир.рс, настеаданиот Александар немал возачка дозвола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега