Го тепале и со раце и со нозе - Терзиќ откри што точно се случувало кога се обидувале да го киднапираат

Дваесетгодишниот фудбалер Алекса Терзиќ во полиција раскажал што се случило за време на киднапирањето.

Тој рекол дека изнајмил автомобил „BMW X3“ во агенцијата за изнајмување на автомобили во Фиренца, каде игра фудбал, кога го пресретнале мажи кои се обиделе да гокиднапираат.

-За време на возењето од Автокоманда кон Газела ме пресретна „ауди А6“ со затемнети стакла. Возачот тогаш без никаква причина се обиде да ме запре. Стоев во близина на Газела. Од „аудито“ излегоа непознат маж од задното седиште и возачот и тргнаа кон мене - раскажал фудбалерот.

Како што ѝ раскажал на полицијаа, во тој момент, непозната девојка која била во „аудито“ со киднаперите почнала да плаче.

-Девојката извика: „Бегај инаку ќе биде лошо“. Го запалив автомобилот и почнав да бегам. На крстосница ме стигна „шкода“ и ми го удри автомобилот. Ми рекоа: „Дај 5.000 евра или ќе те киднапираме“ - раскажал Терзиќ.

Како што рекол, киднаперите го тепале со раце и нозе.

-Ме тепаа и се обидуваа да ме стават во автомобилот, но успеав да избегам - рекол Терзиќ.

Фудбалерот после тоа бил пренесен во Земунската болница каде му биле констатирани тешки телесни повреди - од хематом на главата до подлив.

Целата драма ја видел таксист кој повикал полиција. Полицијата и Брзата помош веднаш стигнале на лице место, а напаѓачите избегале. Рано утрово полицијата привела едно момче и девојка, а се трага по уште едно момче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега