Го заменија тестирањето: Кучиња ќе откриваат патници со ковид-19

Дресирани кучиња со душкање ќе откриваат патници заразени со коронавирус на главниот меѓународен аеродром во Хелсинки, пренесува „Асошиејтед прес“. Овој експериментален метод за тестирање ќе трае четири месеци.

 

Четири кучиња од различни раси обучени од Финското здружение за откривање на мирис вчера започнаа со работа на главниот меѓународен аеродром во Хелсинки, како дел проект финансиран од финската влада.

– Тоа е многу ветувачки метод. Кучињата се многу добри во душкање. Ако функционира , тоа ќе биде добар метод за скрининг на други места рече Ана Хиелм Бјоркман, професорка на ветеринарниот универзитет во Хелсинки, наведувајќи ги болниците, пристаништата, домовите за старите лица, спортските центри и културните настани меѓу можните локации.

Патниците кои се согласија бесплатно да се тестираат на аердромот во Хелсинки не мораа да имаат директен физички контакт со кучето. Тие требаа само да се избришат со марамче и да го стават во тегла, а потоа кучето го мириса во одвоена кабина.

Финскиот проект е меѓу најнапредните, додека истражувачите во неколку земји, вклучувајќи ги Австралија, Франција, Германија, САД, исто така ја разгледуваат можноста за користење на кучиња за детекција на коронавирус.

Професорката Хиелм Бјоркман за „Асошиејтед прес“ изјави дека Финска е втора земја по Обединетите Арапски Емирати, а прва во Европа, што користи кучиња за откривање на коронавирусот. Слична проект неодамна беше започнат и на меѓународниот аеродром во Дубаи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега