Гол маж брка дива свиња која му го украла лаптопот (ФОТО)

Нудист во Берлин доживеал мала незгда кога за време на сончање дива свиња му го украла лаптопот и побегнала со него. Мажот се почнал да ја брка додека остантите нудисти се смееле.

Актерката Адел Ландауер ја фотографирала несекојдневната ситуација на популарното излетничко место Теуфелсе и објавила на Фејсбук.

-Природата го возвраќа ударот, напиша таа, додавајќи дека главниот актер на крајот успеал да си го врати компјутерот.

-Даде сѐ од себе. Му ги покажав фотографиите, се насмеа и ми дозволи да ги објавам, напиша таа.

Die Natur schlägt zurück! Wildschweinjagd am Teufelssee! In der gelben Tüte ist der Laptop des Mannes, deshalb gab er...

Posted by Adele Landauer on Wednesday, 5 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега