Голем број деца и млади затруени во скопска сендвичарница - надлежните не ја затвораат

Затруени граѓани од скопска сендвичарница завршуваат на инфузија во болница. Деновиве голем број лица се пожалиле на висока температура, дијареа, грчеви во стомакот откако како што тврдат  јаделе во Гранд Бургер. Голем број од нив купиле од храната за време на викендот и по неколку часа настапило труењето, дознава Сител.

Труење од сендвичите на гранд бургер имаат и мали деца. Бројни реакции стигнуваат преку социјалните мрежи. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека до сега нема пријава од скопскиот центар за јавно здравје за случајот со труењето за да излезат на терен и времено да ја затворат сендвичарницата. Не јасно е зошто никој не реагирал за случајот и кој потфрлил по толкав број на пациенти кои тврдат дека со симптоми на труење завршиле во болница. Додека здравствените служби чекаат официјална пријава од АХВ веќе постапиле.

И АХВ тврдат дека не добиле официјално известување од здравствените институции за труењето.

Направиле и вонредна контрола во сендвичарница во Скопје, која во претставката беше посочена како објект од кој биле нарачани сендвичи со пилешко месо кои предизвикале труење кај три лица. Со контролата не се констатирани отстапки во поглед на хигиената во објектот, а од храната земени се мостри за лабораториско испитување.

Доколку мострите покажат присуство на бактерија, агенцијата веднаш ќе ја затвори сендвичарницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега