Голем пожар се шири во Калифорнија, загинаа две лица

 

Пожар се шири во северна Калифорнија, илјадници луѓе се евакуирани, а две лица загинаа – нивните тела се пронајдени во автомобил недалеку од пожарот, јавува Би-би-си.

Шерифот на округот Сискију, Џеремаја Ла Ру, за ABC News изјави дека се чини оти тие се обиделе да избегаат. Нивниот идентитет сѐ уште не е познат.

Пожарот се прошири на повеќе од 52 илјади хектари, што го прави најголемиот во Калифорнија оваа година.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусомм, прогласи вонредна состојба поради пожарот.

Околу 650 пожарникари се борат со пожарот, а речиси 2.000 луѓе се евакуирани.

01.08.2022 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега