Голем пожар во американска фабрика за дронови во Летонија

Голем пожар избувна во американска фабрика за дронови во Летонија во Марупе, предградие на главниот град Рига, јави летонскиот весник „Диена.лв“.

Голем број спасувачки екипи се на терен во обид да го изгаснат големиот пламен, а на жителите им се препорачува да се држат настрана.

Речиси 50 пожарникари, девет противпожарни возила, како и противпожарната служба на меѓународниот аеродром во Рига ги гаснат пламените.

Сопственик на фабриката е американската компанија „Еџ Аутономи“ која произведува беспилотни летала, кои се доставуваат до држави, комерцијални и приватни клиенти во речиси 70 земји.

Оваа компанија важи за еден од водечките производители на дронови од светска класа, а нивните беспилотни летала се испорачуваат и на украинската војска. 

07.02.2023 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега