Голем пожар во Ложани - тројца пожарникари хоспитализирани
Вчера во 13,13 часот, во ОВР Струга е пријавен пожар на земјоделско земјиште засасдено со пченица, јачмен и други посеви, во површина од 20000 метри квадратни, лоцирано во атарот на струшкото село Ложани, сопственост на повеќе жители на селото.
Интервенирала ТППЕ Струга при што, тројца пожарникари се здобиле со респираторни проблеми и биле пренесени и задржани во Општата болница во Струга, додека пак пожарот е изгаснат.
20.07.2025 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа