Голема акција на МВР низ земјата: Казни заработиле 196 возачи

 

Во текот на вчерашниот ден (03.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

04.10.2023 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега