Голема акција ноќеска во Скопје - „Вриеше" полиција

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје во времето од 06,00 до 24,00 часот вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 06/07.09.2019 во времето од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.

  Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2019 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега