Големи гужви пред вакциналните пунктови за трета доза на вакцина

Гужви има пред повеќето вакцинални пунктови за примање на трета доза на вакцина, пренесува „Телма“.

Согласно информациите, во земјава вакцинирани се 46 проценти од полнолетната популација. А пак дури, 74% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Исто така извештајот покажува дека, смртноста кај невакцинираните е поголема.

Инаку, како потсетување, сите граѓани кои примиле вакцини од кинескиот производител од видовите „Синофарм“ и „Синовак“, треба да ја примат третата доза- три месеци, после примањето на втората.

Додека пак, жителите вакцинирани со останатите вакцини, за трета доза треба да почекаат шест месеци од кога примиле втора доза.

Што се однесува до третата доза на вакцина, избор нема, сите примаат „Фајзер“.

22.10.2021 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега